• сабота, 23 ноември 2024

Габриел: Не е постигнат договор за нова бугарска Влада

Габриел: Не е постигнат договор за нова бугарска Влада

Софија, 25 март 2024 (МИА) – Шефицата на бугарската дипломатија и мандатар за состав на новата коалициска влада, Марија Габриел, од централно-десничарската партија ГЕРБ, вчера изјави дека не е постигнат договор за формирање нова влада со централно-десничарската партија Промените продолжуваат (ПП).

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот, ГЕРБ и ПП, направија договор за поделба на власта, според кој функцијата премиер ќе биде ротирачка. Првите девет месеци премиер беше академик Николај Денков, пренесе Хина.

БТА пренесува дека се очекува денеска Габриел да достави писмо до Народното собрание за тоа дека ја повлекува кандидатурата за премиер.

ГЕРБ нема да учествува во преговорите за вториот мандат, нагласи Габриел.

Премиерот во оставка, Николај Денков, во вчерашното обраќање емитувано на БНТ го повика раководството на ГЕРБ-СДС да го потпише договорот со „Промените продолжуваат - Демократска Бугарија“ и да гласаат за влада со премиерката и министерката за надворешни работи Марија Габриел, без промена на составот на Министерскиот совет.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан