• петок, 05 декември 2025

В среда стартува ЕП во карате, Македонија со 12 натпреварувачи

В среда стартува ЕП во карате, Македонија со 12 натпреварувачи


Скопје, 6 мај 2025 (МИА) – Јубилејното 60. Европско првенство (ЕП) во карате ќе се одржи во главниот град на Ерменија, Ереван, од среда до недела, со настап на повеќе од 500 каратисти од 49 земји, вклучувајќи ја и Македонија.
В среда на програмата се натпреварите во кати, продолжението на поединечните борби по категории е в четврток, тимските настапи в петок, а финалните натпревари за медали се закажани за в сабота и недела.
Македонската сениорска карате репрезентација ќе настапи со по шест каратисти во машка и женска конкуренција, по успешно завршените подготовки во Хрватска.
На последното ЕП, кое лани се одржа во Задар, Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал. ег
ФОТО: КФМ

Остани поврзан