• среда, 25 декември 2024

В среда почнува судењето на Курц

В среда почнува судењето на Курц

Виена, 17 октомври 2023 (МИА) - На поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц в среда ќе му се суди за наводно давање лажно сведочење пред парламентарната комисија за истрага на корупција. 

Тоа ќе биде прво судење на поранешен канцелар по повеќе од 30 години.  

Курц се повлече од функцијата канцелар во 2021 година по серијата обвинувања за поткуп, кои вклучуваа трошење јавни пари за фаворизирање во медиумското покривање. 

Во 2017 година, на 32-годишна возраст, Курц стана најмладиот демократски избран шеф на влада во светот. На Курц и на двајца други обвинети ќе им се суди в среда за лажно сведочење пред парламентарната комисија која ги истражува наводите за корупција. 

Курц ги негира сите обвиненија и рече дека ќе ја докаже својата невиност на суд.  Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до три години.  мс/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан