• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

В недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

В недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - В недела во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на територија на Град Скопје. 

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, информира РЦУК – Скопје. 

Се известуваат пчеларите на време да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. мд/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан