• петок, 15 ноември 2024

Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други
Ерусалим, 23 јануари 2020 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се сретнал со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Ерусалим и дека имал добар и пристоен разговор со неа. Тој, исто така рече дека секогаш се обидувал да одржува најдобри односи и дека е сигурен дека Србите и Хрватите ќе имаат подобри односи во иднина. - Ќе мора да живееме заедно и да сметаме едни на други во иднина, рече Вучиќ пред новинарите по неговата посета на Ерусалим, каде се одбележа 75-годишнината од ослободувањето на логорот во Аушвиц. ссм/

Остани поврзан