• сабота, 23 ноември 2024

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Северна Македонија
Белград, 14 април 2021 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Северна Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија. Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Р.Србија. На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава. об/ар/

Остани поврзан