Вучиќ: Србија која е за работа секогаш ќе ги победи оние што се за граѓанска војна
- -И синоќа, на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии или телевизии кои припаѓаат на криминални кругови, јас како претседател навистина не сакам да го кажам тоа на тој начин, зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала... Дека би се откажал од сопственото семејство за да се спасам и уште десетици такви навреди, вклучително и дека сум болесник..., изјави Вучиќ во објавата на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav “.
Белград, 2 декември 2024 (МИА)- Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска порача дека на Србија никогаш нема да можат да и ја одземат слободата и дека Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна, јави дописникот на МИА од Белград.
Во видеото објавено на Инстаграм, Вучиќ изјави дека е навикнат на секакви навреди, клевети, лаги, глупости кои се дел од неговата работа, како и дека непостои работа што не ја изговориле и излажале за неговото семејство.
-И синоќа, на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии или телевизии кои припаѓаат на криминални кругови, јас како претседател навистина не сакам да го кажам тоа на тој начин, зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала... Дека би се откажал од сопственото семејство за да се спасам и уште десетици такви навреди, вклучително и дека сум болесник..., изјави Вучиќ во објавата на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav “.
Тој додаде дека нивниот најважен заклучок е дека „највероватно Западот ќе најде начин како да го собори Вучиќ од власт и дека некои други политички актери истовремено се заканувале дека ќе го уапсат него и неговиот брат (Андреј Вучиќ)“.
-И тоа е во ред. Србија е демократска земја, слободна, сето тоа го научив и со нашиот толерантен однос покажуваме колку Србија е подемократска од многумина кои често ни даваат лекции за тоа, рече Вучиќ.
„Меѓутоа, има две работи што нема да ги премолчам. Едната е, на истото место можевте да се слушнете дека некои луѓе прават списоци. Списоци за прогон. Списоци за прогон и истомисленици, се фалат со тоа. Тоа е нешто што е неприфатливо. Тоа е нешто што српската држава и граѓаните не сакаат да го слушнат. И втората работа е злоупотребата на децата за политички цели што е неприфатливо. И како претседател на Србија секогаш ќе се борам за целосна слобода и ќе се борам против оние кои мислат дека со листите за отсранувања можат да ги решат политичките работ, рече тој и додаде.
-Сега ни е сосема јасно. Од една страна ги имате оние кои сакаат да прогонуваат, не само политички, туку секакви неистомисленици. Оние кои се залагаат за злоупотреба на деца и насилство, оние кои се залагаат за војна. А од другата страна ги имате оние кои се за работа, оние кои се за почитување на различностите, почит кон оние кои размислуваат поинаку, се разбира, во политиката, но и оние кои се за почитување на основните демократски норми и слободата на рпското општество, заклучи тој. об