• сабота, 23 ноември 2024

Вучиќ: Под патронат на САД Косово создава силни, нелегални вооружени сили

Вучиќ: Под патронат на САД Косово создава силни, нелегални вооружени сили

Белград, 13 јануари 2024 (МИА) – Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Косово создава  исклучително силна воена сила и дека тоа го раководат САД, спротивно на меѓународното право и резолуцијата 1244 на ОН, нагласувајќи дека поради тоа, Србија мора драстично да ја зајакне својата војска.

-До 2027 година планираат да имаат 5.500 професионални војници во таканаречените Косовски безбедносни сили и 20.000 во резервите, рече Вучиќ за време на обиколката на Дежурниот оперативен центар на Воената безбедносна агенција (ВБА).

Српскиот претседател кажа дека тоа не е дозволено според меѓународното право и одлуката на Обединетите нации, но дека тоа нив не ги интересира „затоа што им се може“. 

Тој прецизираше дека Косово добива најголема воена помош од САД, Турција, Германија, Велика Британија, но и од соседна Хрватска.

Според него, ситуацијата не е лесна бидејќи Србија е опкружена со земји членки на НАТО, чии сили се распоредени и во Босна и Херцеговина, која не е членка на НАТО.

-Мора да имаме силна армија, бидејќи без неа не можеме да постоиме како држава, нагласи Вучиќ.

Вучиќ изјави дека со дополнително вооружување на Косовските безбедносни сили се уништува меѓународниот правен поредок и дека целта, спротивно на резолуцијата 1244, не е само целосно отстранување на трагата на постоењето на Србија од територијата на Косово , туку и да се отстрани од него сиот преостанат српски народ. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан