Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
- Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Северна Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.

Белград, 10 мај 2024 (МИА) - Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Северна Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.
– Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Сиљановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.
Сигурен сум, наведе, дека во наредниот период ќе постигнеме дополнителен напредок во нашите односи.
- Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа, порача Вучевиќ.об/лв/