• среда, 27 ноември 2024

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико

Мексико Сити, 29 февруари 2024 (МИА) - Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла.

Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико Сити и доведе до затворање на аеродромот во градот Пуебла, што е уште поблиску до вулканот.

Аеродромот во Мексико Сити во денешното соопштение предупреди дека „сите летови може да бидат откажани“ затоа што голем број летови доцнат или се одложени.

Вулканската пепел е особено опасна за воздухопловството, не само затоа што ја намалува видливоста, туку и затоа што ги оштетува моторите и трупот на авионите. Пепелта може да ги покрие пистите, да му наштети на здравјето на персоналот на аеродромот и да предизвика низа други проблеми.

Вулканот Попокатепетл е активен половина милион години и редовно еруптира. Неговата последна голема ерупција се случи пред повеќе од илјада години. сд/

Остани поврзан