• понеделник, 30 декември 2024

Вулканите на Курилските острови го загрозуваат воздушниот сообраќај

Вулканите на Курилските острови го загрозуваат воздушниот сообраќај
Москва, 2 септември 2020 (МИА) – Активноста на три вулкани на Курилските острови и Камчатка може да го загрозат воздушниот сообраќај, предупредува Серускиот научно-истражувачки Институт за јавна безбедност и вонредни ситуации на руското Министерство за вонредни ситуации. Во соопштението се наведува дека активноста на трите вулкани претставува потенцијална закана за меѓународниот и локалниот воздушен сообраќај. Покрај тоа, руски експерти предупредија дека наносите на пепел и камења можат да ја загрозат безбедноста на сообраќајот на патиштата. јт/

Остани поврзан