• вторник, 26 ноември 2024

Втор пораз на македонските кошаркарски кадети на гостувањето во Хрватска

Втор пораз на македонските кошаркарски кадети на гостувањето во Хрватска
Дарувар, 23 јули 2021 (МИА) – Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација со два порази го заврши пријателскиот двомеч против Хрватска, откако попладнево во неизвесен натпревар загуби на гостувањето во Дарувар со 85:91. За разлика од вчерашниот катастрофален пораз од Хрватска (47:98), избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ попладнево одиграа многу поквалитетно и беа блиску до триумф над истиот противник. Хрватите го добија првото полувреме со 40:36, но „црвено – жолтите“ го презедоа водството во третата четвртина, поведувајќи со 68:66. Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на 76:71, кога останаа да се доиграат 4:29 минути. Марко Лукановски ја прекина со тројка за 74:76, но со нова серија од 8:2 на две и пол минути пред крајот на натпреварот, домашната селекција се одвои на недостижни 84:76. Најефикасен во македонската репрезентација со 24. поени беше Андреј Шошкиќ. ег/фф/

Остани поврзан