• недела, 28 јули 2024

Втор Ноемвриски коњички турнир претстојниот викенд на хиподромот во Маџари

Втор Ноемвриски коњички турнир претстојниот викенд на хиподромот во Маџари
Скопје, 18 ноември 2021 (МИА) – Клубот за коњички спорт Илинден од Скопје в сабота (20 ноември) на хиподромот во Маџари ќе го организира вториот Ноемвриски коњички турнир и 6. коло финале од отвореното Државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година. На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц и Д со височина на пречките од 1,00 м. до 1,20/1,30 метра со можни два баража По завршувањето на натпреварите следува официјално прогласување на првите три пласирани во Генерален пласман со доделување на пехари и медали во Државното првенство по шест кола и Лига првенството по четири кола. зс/

Остани поврзан