• петок, 05 декември 2025

Втор круг гласање за градоначалник во три општини во Тиквешијата 

Втор круг гласање за градоначалник во три општини во Тиквешијата 

Неготино, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Неготино во вториот круг од локалните избори дo девет часот излегле да гласаат 4,52 отсто од граѓаните со право на глас, во Демир Капија 7,16 и 6,28 отсто во Росоман.

Неготинци избираат меѓу Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Петар Мантев од СДСМ. Во Демир Капија се бира меѓу досегашниот градоначалник, Лазар Петров од СДСМ и Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ. Росоманци може да го дадат гласот за досегашниот градоначалник, Стојан Николов од СДСМ или за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски.

Како што информираат од општинските изборни комисии за МИА, во Неготино право на глас имаат 15.902, во Демир Капија 3.186, а во Росоман 3.295 лица.

Во текот на вчерашниот ден правото на гласго искористиле болни и изнемоштени лица.

Избирачките места беа отворени во седум часот утрово. Правото на глас може да се искористи до 19 часот. свд/вј/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан