• среда, 27 ноември 2024

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит

Втор дел државна матура, полагање на изборниот екстерен испит
Скопје, 13 јуни  2022 (МИА) – Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15 899  кандидати, 14 320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Првиот испит - Мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни. Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15 899 матуранти пријавени за државната матура,  7135 се од гимназии,  8504 од стручни и 260 од уметнички училишта. хс/са/  

Остани поврзан