• петок, 26 јули 2024

Второ место за Баскет Кам на премиерниот турнир од Балканската лига

Второ место за Баскет Кам на премиерниот турнир од Балканската лига

Требиње, 2 октомври 2023 (МИА) – Кошаркарките на Баскет Кам го освоија 2. место на премиерниот турнир од новоформираната женска Балканска лига.

 

Во финалниот натпревар на турнирот во Требиње, екипата од Македонска Каменица загуби од домаќинот Леотар, со минимални (83:81). Победникот беше решен на четири секунди пред крајот на мечот, кога при водство на Баскет Кам, (81:80), Кузмановиќ погоди тројка за победа.

 

Претходно двете екипи се менуваа во водството, и ниту една од нив не нарави некоја посериозна предност. Барем не во првото полувреме, кое сепак го доби Леотар со (43:39). Нашиот претставник доминираше во третиот квартал, во кој конечно успеа да се одвои, и да поведе со (62:57). Но тоа се покажа како недоволно за конечна победа, затоа што екипата од Требиње имаше подобар финиш, во кој и со малку среќа, потребна за вакви натпревари, стигна до триумфот.

 

Адамовска беше прв стрелец на овој меч кај Баскет Кам со 24 поени. Ја следеше Димова која испорача 21 поен. А пред да ја заработи петтата лична грешка, Кметовска запиша 15 поени. Зс/

 

Фото: КФСМ

Остани поврзан