• петок, 26 јули 2024

Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово

Втора фаза од теристичка дезинсекција против комарци во Берово

Берово, 8 јули 2024 (МИА) - Во Берово вечерва ќе се спроведе втората теристичката дезинсекција за уништување на комарци. Со дезинсекцијата, како што информираа од општината, ќе бидат опфатени зелените површини во oпштината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

- Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести Општина Берово го известува населението дека на ден 08.07.2024 година (понеделник  наспроти вторник) со почеток  од 22.00 до 05:00 часот  екипи од  ДТУ Зотокс  Дооел  - Скопје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката дезинсекција од со цел уништување на возрасни комарци. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори, информираа од Општината.

Третирањето, додадоа оттаму, ќе се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило.

- За време на третирањето ќе се применува соодветен препарат со активна супстанца. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, додадоа од Општината. вс/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан