Втора конференција за религиски дијалог „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“
- Од денеска до 16 јуни во Струга ќе се одржи „Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка“ на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам нас

Струга, 13 јуни 2022 (МИА) - Од денеска до 16 јуни во Струга ќе се одржи „Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка“ на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“ во организација на Центар за интеркултурни студии и истражувања.
На конференцијата ќе учествуваат 83 учесници од 20 земји, вклучително и од Северна Македонија.
Ќе бидат отворени за дебата прашањата околу улогата на религијата како силен чувар на националниот и верскиот идентитет што води кон локализам и го спречува влијанието на глобалните процеси, дејствување во име на религијата, како и дали фундаментализмот е форма на колективен идентитет. ки/са/