• среда, 25 декември 2024

Врховниот суд на Израел привремено го одложи враќањето во Појасот Газа на палестински пациенти лекувани во Тел Авив и Ерусалим

Врховниот суд на Израел привремено го одложи враќањето во Појасот Газа на палестински пациенти лекувани во Тел Авив и Ерусалим

Тел Авив, 21 март 2024 (МИА) - Врховниот суд на Израел привремено го одложи спроведувањето на одлуката на израелските власти за враќање во Појасот Газа на група палестински пациенти кои се лекуваат од болести опасни по живот, јави Бета. 

По петицијата на израелската непрофитна организација „Лекари за човекови права-Израел“, Врховниот суд нареди денеска да не бидат вратени во разурнатиот Појас Газа над 20 палестински пациенти, кои се лекуваат во Источен Ерусалим и Тел Авив. 

Пациентите рано утринава требаше да бидат однесени со автобус до Појасот Газа, но тоа сега е одложено барем до понеделник, соопштија здравствените власти.

Израелските власти наредија враќање на група палестински пациенти, објаснувајќи дека повеќе не им е потребна грижа.

Организацијата „Доктори за човекови права-Израел“ објави дека меѓу нив има болни од рак, бебиња, родилки и постари лица, а до Врховниот суд поднесе претставка благодарение на извештајот на американската телевизија Си-Ен-Ен.

-Враќањето на жителите на Газа за време на воениот конфликт и хуманитарната криза е против меѓународното право и претставува намерен ризик за невините животи, изјави вчера портпаролот на организацијата Ран Јарон.

Тој изрази загриженост дека пациентите може да умрат поради нехигиенски услови и глад или недостаток на здравствена заштита.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан