• сабота, 23 ноември 2024

Врховниот суд на Бразил го укина законот за ограничување на правата на домородното население

Врховниот суд на Бразил го укина законот за ограничување на правата на домородното население

Бразилија, 22 септември 2023 (МИА) - Бразилскиот Врховен федерален суд вчера пресуди против обидот за ограничување на признавањето на новите автохтони резерви, јави ДПА.

Судот во Бразил го прогласи за неуставен законот кој предвидува дека само земји заземени од домородното население на денот на прогласувањето на уставот на 5 октомври 1988 година може да се прогласат за заштитено подрачје.

Уставот на Бразил им гарантира на домородните народи зачувување на нивните социјални организации, обичаи, јазици, верувања и традиции, како и правото на земјата што традиционално ја заземаат, рече судијката Кармен Лусија пред гласањето, кое заврши 9 спрема 2.

Таа додаде дека сопственоста на земјиштето не може да се одвои од другите загарантирани основни права.

Голем број домородни луѓе ја прославија одлуката пред судот, гледајќи ја на телевизија.

Критичарите на законот реагираа дека домородните народи повеќе нема да можат да ги повратат племенските области од кои претходно биле протерани. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан