• сабота, 23 ноември 2024

Врховниот суд на Бразил ги замрзна сметките на Интернет компанијата Старлинк на Илон Маск, на платформата Х и се заканува суспензија

Врховниот суд на Бразил ги замрзна сметките на Интернет компанијата Старлинк на Илон Маск, на платформата Х и се заканува суспензија

Бразилија, 30 август 2024 (МИА) - Врховниот суд на Бразил ги блокираше банкарските сметки на интернет компанијата Старлинк на милијардерот Илон Маск, а неговата социјална мрежа Х е на работ на затворање во јужноамериканската земја.

Старлинк е сателитска интернет услуга на технолошката компанија Спејс Икс (SpaceX) - дел од растечката деловна империја на Маск, која го вклучува и гигантот за електрични автомобили „Тесла“.

Интернет компанијата Старлинк потврди дека добила наредба од судија со која не и се дозволува да врши финансиски трансакции во Бразил.

Одлуката за блокирање на сметките на Старлинк е поврзана и со посебен спор околу неплатените казни од страна на X поради одбивање да се предадат одредени документи. Локалниот весник Фолха објави дека казните се најмалку 20 милиони реали (3,6 милиони долари).

Рокот што Врховниот суд на Бразил му го даде на Х да назначи правен застапник во земјата истекува.

Бразилскиот закон бара од сите интернет компании да имаат правен застапник во земјата кој може да прима судски налози и генерално да одговара пред деловното право.

Судијата Де Мораес потпиша наредба доцна во средата X да назначи таков претставник или ќе се соочи со блокирање во Бразил.

Маск го нарече Мораес „целосен срам за правдата“ и нагласи дека неговата компанија не може да се согласи со барањата на судијата за „тајна цензура и објавување лични информации“.

На почетокот на овој месец, социјалната мрежа X објави дека целосно ги прекинува своите дејности во Бразил поради „наредби за цензура“ на судијата Алесандре де Мораес. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан