• сабота, 23 ноември 2024

Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди

Врховен суд: Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди

Скопје, 13 септември 2023 (МИА) – Донесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди, е заклучокот на денешната седница на Одделот за казниви дела при Врховниот суд, во врска со измените на Кривичниот законик, а за кои не било побарано мислење од врховните судии. Од Врховниот суд известуваат дека на денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување.

- Подготвувањето на законски измени кои имаат влијание врз судските постапки мора да биде спроведено низ транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа. Во Врховниот суд од страна на Министерството за правда не беа доставени на мислење предметните измени на Кривичниот законик. Со тоа беше оневозможено Врховниот суд да даде мислење за донесените законски измени кои претставуваат прашање од висок јавен интерес. Врховниот суд смета дека донесувањето на законски измени без транспарентен процес преку јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, потенцираат од Врховниот суд.

Оттаму истакнуваат дека Врховниот суд секогаш давал поддршка на законски решенија кои придонесуваат за ефикасна борба против корупцијата и криминалот и поаѓајќи од тие заложби и во минатото немал забелешки за висината на казните за предметните кривични дела, ниту предложил нивно ублажување. ир/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан