• вторник, 17 декември 2024

Врз Мариупол фрлени две „супермоќни бомби“

Врз Мариупол фрлени две „супермоќни бомби“
Киев, 22 март 2022 (МИА) - Општина Мариупол соопшти дека градот денеска бил погоден од две „супермоќни бомби“, но не наведе дали има жртви. - Окупаторите не ги интересира градот … сакаат да го срамнат со земја, се наведува во соопштението на градската управа. Жителите кои заминаа од Мариупол за невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) изјавија дека „улиците во градот се затрупани со трупови и остатоци од уништени згради, а илјадници луѓе се отсечени од светот, скриени во подруми без вода, храна, електрична енергија и комуникации“. - Руските сили денеска ги бомбардираа и населбите околу главниот град на Украина и борби се водат во Ирпин и Хостомељ, на приодите кон Киев, изјави гувернерот на тој регион Олександр Пављук. Претходно на Твитер се појавија видео на кои наводно се снимени воздушните напади врз источниот украински град Краматорск. Исто така е објавено видео на кое наводно се гледа како руските сили користеле забранета фосфорна муниција. ми/

Остани поврзан