• петок, 05 декември 2025

Вредноста на европските берзи во рекорден раст поради оптимизмот за трговскиот договор меѓу САД и Кина

Вредноста на европските берзи во рекорден раст поради оптимизмот за трговскиот договор меѓу САД и Кина

Франкфурт, 27 октомври 2025 (МИА) – Вредноста на акциите на европските берзи денеска достигна рекорден еднодневен раст поради ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.

Индикациите за одмрзнување на трговските односи меѓу двете земји влијаеја на поголема подготвеност за поризично тргување, а индексот „STOXX 600“ на европските берзи денеска се искачи на рекордни 576,37 поени.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД и Кина ќе постигнат договор и оти очекува да се сретне со кинескиот лидер во Јужна Кореја подоцна во текот на неделата, каде што заеднички ќе ја утврдат рамката за трговскиот договор што беше дискутиран изминатиот викенд. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан