• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вредна опрема за потребите на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид обезбедена како донација на наши иселеници од Швајцарија

Вредна опрема за потребите на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид обезбедена како донација на наши иселеници од Швајцарија

Охрид, 18 јули 2025 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со директорот на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, Харалампие Шокаровски, денеска ја презентираа новата опрема обезбедена за установата преку донација од наши иселеници од Швајцарија.

Станува збор за активност спроведена преку лични контакти на градоначалникот Пецаков, а во насока на подобрување на условите за спестување пациенти и севкупното работење на оваа високоспецијализирана и угледна здравствена установа во градот и регионот.

- Оваа болница е институција со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани и ужива голема доверба кај домашните но и кај странските пациенти. Бидејќи се работи за врвен медицински бренд кој претставува гордост не само за нас, туку и за целиот здравствен систем во Македонија, секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка и внимание, рече Пецаков.

Градоначалникот како функција нема директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, но како што рече, како одговорна локална самоуправа се труди да биде партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните.

- Се радувам што оваа донација, која содржи современа медицинска опрема и помагала, претставува плод на една успешна соработка која е беше иницирана лично од мене и преку моите контакти, рече тој притоа упатувајќи искрена благодарност до донаторите од Швајцарија за нивната хуманост и подготвеност да придонесат во унапредување на медицинските услови во Охрид.

Директорот на установата Шокаревски истакна дека се работи за медицински кревети и дел од опремата за централна стерилизација на простории, апарати, вешерај, инструменти...

- Оваа е несебична поддршка на нашата институција, како регионален центар за ортопедско-трауматолошки интервенции. Покриваме голем дел од подрачјето, така што сеока опрема не прави поконкурентни и попретставителни како град и институција, и регионален мини-клинички центар, рече тој.

Инаку, директорот на болницата посочи дека во тек е ревизија на преостанатиот дел од новиот објект што треба да биде ставен во употреба.

- Завршени се проценката на електриката и градежните зафати, преостанува уште делот од машинството. Таа проценка е важна за распишувањето на постапката за избор на нов изведувач, за точно да се специфицира колку средства и што ќе е потребно. Одечувам тоа да биде заокружено за брзо време, рече Шокаревски. аб/дма/


фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан