• петок, 05 декември 2025

Вредна донација на компанијата „ОДВ Електрик“ за учениците на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид

Вредна донација на компанијата „ОДВ Електрик“ за учениците на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид

Охрид, 18 ноември 2025 (МИА) – Компанијата „ОДВ Електрик“ како општествено-одговорна компанија донираше десет персонални компјутери за потребите на учениците во Општинскиот електро-машински училишен центар „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Од средното училиште посочуваат дека донацијата претставува современ технички ресурс што директно ќе влијае врз подобрување на знаењата, вештините и можностите на учениците од Центарот.

„Поддршката што ни ја дава ОДВ Електрик  претставува, исто така, значаен придонес за унапредување на нашата работа и создавање подобри услови за учење и развој на учениците“, велат од училиштето, притоа посочувајќи дека хуманоста и општествената одговорност се пример што инспирира.

Компанијата „ОДВ Електрик“ и претходно има донирано опрема, согласно потребите на училиштето во насока на подобрување на образовниот процес, во рамки на повеќегодишната соработка со училиштето во делот на дуалното образование. аб/вј/

фото/ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

 

Остани поврзан