ВРЕДИ: 200 нови работни места преку зелени инвестиции
- Владата на ВЛЕН продолжува да докажува дека промената не е само ветување, туку реалност што ја живееме секој ден. Денес, преку Министерството за економија и труд и во соработка со Агенцијата за вработување, објавуваме историска мерка: Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции, се наведува во соопштението на Коалицијата ВРЕДИ, што МИА го пренсува интегрално.
Скопје, 23 август 2025
Владата на ВЛЕН продолжува да докажува дека промената не е само ветување, туку реалност што ја живееме секој ден. Денес, преку Министерството за економија и труд и во соработка со Агенцијата за вработување, објавуваме историска мерка: Поддршка за создавање нови работни места преку зелени инвестиции, се наведува во соопштението на Коалицијата ВРЕДИ, што МИА го пренсува интегрално.
Ова не е само уште една програма. Ова е голем чекор кон модерна, одржлива и фер економија, економија што создава квалитетни работни места за нашите граѓани и во исто време се грижи за животната средина.
Оваа мерка ќе опфати 200 невработени граѓани, кои ќе најдат работа во микро, мали и средни претпријатија, односно токму таму каде што расте новата генерација на нашата економија.
Финансиската поддршка ќе биде неповратен грант, од 250.000 до 750.000 денари, во зависност од бројот на нови работни места: 250.000 денари за едно работно место, 500.000 денари за две работни места, 750.000 денари за три работни места.
Ова е конкретна поддршка, која ќе им овозможи на компаниите да купат нова опрема и машини, софтвер и лиценци, технологии за обновлива енергија и материјали за енергетска ефикасност. Значи, ние не само што создаваме работни места, туку создаваме зелени работни места.
Со овој јавен повик се поканети сите микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат законските услови, со приоритет за стратешките сектори: преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, водоснабдување и управување со отпад, градежништво и транспорт.
Јавниот повик ќе биде отворен до 1 септември. Заинтересираните работодавци можат да аплицираат секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот во Центрите за вработување низ целата земја, додека сите информации се достапни на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување.
Почитувани,
Ова е чекор што покажува дека владата ВЛЕН не се мери со слогани, туку со резултати. Ние не го гледаме граѓанинот како бројка во статистиката, туку како центар на нашата политика. Инвестираме во вработување, во развој, во зелена економија и во безбедна иднина за сите. Ова е промената што ја ветивме. Сме влада која работи со срце и визија! Ви благодариме!
Коалиција ВРЕДИ