Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“
- Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година.
Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година.
Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на Томислав Османли.
По повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски, делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, од Владата, од Генералштабот на Армијата, од МПЦ-ОА, како и претставници на институции, на дипломатскиот кор и на политички партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Св.Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Како што соопшти Собранието, во состав на делегацијата ќе бидат пратениците Емилија Ангелова, Даниела Николова и Павле Арсоски. хс/дма/
Фото: МИА архива