• среда, 27 ноември 2024

Врачени уверенијата на новоизбраниот градоначалник и членови на Совет во Македонска Каменица

Врачени уверенијата на новоизбраниот градоначалник и членови на Совет во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 5 ноември 2021 (МИА) - Во Македонска Каменица на пригодна свеченост, Општинската изборна комисија ги додели уверенијата за мандатите на новоизбраните советници и новиот градоначалник Димче Атанасовски.
Претседателката на ОИК Бота Ангелова Димитрова им порача да ја оправдаат довербата која ја добија од граѓаните во наредните четири години.
Новоизбраниот градоначалник Димче Атанасовски истакна дека самиот факт што се избрани од народот, претставува голема обврска која сите заеднички треба да ја оправдаат.
- Ова за нас е обврзувачки ден, бидејки она што го ветивме на граѓаните не обврзува да ги оствариме дадените ветувања што е можно поскоро, рече Атанасовски.
Според најавеното, функцијата градоначалник од неговата претходничка Соња Стаменкова, Атанасовски ќе ја презеде во текот на наредната недела.
Во Македонска Каменица на изминатите локални избори по четири советнички мандати освоија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции, додека три мандати им припаднаа на независните советнички групи. Пред вториот круг од изборите, независните советници заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата потпишаа договор за заедничко делување во новиот Совет. вс/фф/

Остани поврзан