• вторник, 24 декември 2024

Вработен во сервис за автомобили осомничен за злоупотреба на 912.570 денари 

Вработен во сервис за автомобили осомничен за злоупотреба на 912.570 денари 
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против И.П.(33), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување и уништување на деловни книги“. Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, бил вработен во сервис за автомобили и во текот на 2020 година, преку компјутерски систем, континуирано и неовластено внесувал невистинити податоци на фактурите за поправка на возила. Со тоа И.П. го оштетил сервисот за 912.570 денари. мд/лв/  

Остани поврзан