• вторник, 24 декември 2024

Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово

Вработените од Џонсон Мети чистеа јавни површини во Скопје, Велес и Куманово
Повеќе од петстотини вработени од компанијата Џонсон Мети Македонија се вклучија во волонтерски активности за масовно чистење на јавни површини во Скопје, Велес и Куманово. Оваа активност е дел од корпоративната Програма за волонтирање на вработените во заедницата, во рамки на Стратегијата за општествена одговорност на Џонсон Мети. Мото на оваа активност е „Два дена да направите разлика“ (Two days to make a difference“) Можеби сите не можеме да направиме сé, но сите можеме да направиме по нешто. Џонсон Мети е една од ретките компании со Глобална политика за волонтирање, која овозможува вработените да искористат два работни дена за помош и поддршка на заедницата преку волонтерски активности. Во првата акција се вклучија 234 волонтери, додека во втората акција се вклучија 275 волонтери. „Горди сме што постигнавме рекорд во бројноста на вработените кои се вклучија во акциите. Над 500 наши вработени беа дел од акцијата за чистење на јавни површини. Еден ден искористивме да го исчистиме кејот на реката Вардар на потег од Аеродром и Карпош 4, еден ден резервиравме за Градскиот парк и околината и еден за плоштадот Филип Втори и околината. Џонсон Мети е инклузивна компанија и поради фактот што голем дел од нашите вработени се од градовите Велес и Куманово, сметавме дека наша должност е да организираме акции и таму“, вели Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија. Ова не се први општествено одговорни акции на компанијата, која традиционално го одбележува стартот на учебната година со акција за донирање на училиштен прибор. Исто така, годинава, Џонсон Мети организираше донаторска акција на тема “Секое дете заслужува еднаков почеток”. „И оваа година нашите вработени ја покажаа својата хуманост на дело и донираа огромен број училиштен прибор. Досега сме биле дел и од акција за готвење храна за лицата во социјален ризик, сликарска работилница со лица со старски дом, предавања низ училишта на тема „Безбедноста на прво место за деца”, изработка на сензорни табли, разубавување на училиштен двор, дружење со дечињата од „Аутизам МК“ и други активности. Среќни сме што ја нудиме можноста за искористување на два работни дена за волонтирање во нашата локална заедница. Нема да застанеме тука, имаме уште многу планови кои се надеваме ќе ги реализираме во блиска иднина“, дообјаснува Борозанов.     _________________________________________________________________________________________ MИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан