• сабота, 23 ноември 2024

Вработените во Ватикан кои ќе одбијат вакцина можат да останат без работа

Вработените во Ватикан кои ќе одбијат вакцина можат да останат без работа
Рим, 18 февруари 2021 (МИА) - Ватикан им соопшти на вработените дека можат да ризикуваат да ја изгубат работата ако ја одбијат вакцинацијата против Ковид-19 без оправдани здравствени причини. Во декретот на кардиналот Џузепе Бертел, кој всушност е гувернер на Ватикан, се наведува дека вакцината е одговорен избор поради ризик од нанесување штета на други луѓе. Ватикан вработува неколку илјади луѓе, кои претежно живеат во Италија. Програмата за вакцинација на Ватикан започна минатиот месец, а папата Франциск (84) беше меѓу првите кои се вакцинираа. Во декретот на седум страници се вели дека оние кои не можат да се вакцинираат од здравствени причини, можат да добијат друга работа, каде би имале контакти со помалку луѓе, но дека ќе добијат иста плата. Оние кои одбиваат да бидат вакцинирани без добра причина, подлежат на одредбите од Законот за правата и должностите на вработените од 2011 година, според кој вработените кои одбиваат превентивни мерки може да претрпат различни последици, вклучително и откази. паг/

Остани поврзан