• понеделник, 23 декември 2024

Вработените во белорускиот портал „Тут“ остануваат во притвор

Вработените во белорускиот портал „Тут“ остануваат во притвор
Киев, 19 мај 2021 (МИА) - Десетемина вработени во белорускиот портал „Тут“, чија работа властите ја забранија, ќе останат во притво, соопшти денеска Белоруското здружение на новинари. Тројца новинари и седум менаџери на порталот „Тут“ синоќа се притворени во Минск и ниту еден оед нив досега намал контакт со адвокат, а нивниот правен статус е непознат. Белоруските власти вчера ја забранија работата на „Тут“, извршија претреси во редакцијата и во домовите на неколку вработени. Според белоруските власти порталот го прекршил Законот за медиуми со тоа што објавил содржина во име на Фондација која помага на жртвите на политичка репресија, но не била регистрирана. „Тут“ е обвинет и за затајување на данок и е покрената кривична истрага против неговите раководители, кои ако бидат осудени можат да добијат и до седум години затвор. Белоруското здружение на новинари тврди дека со забраната за работа на „Тут“ милиони Белоруси ќе немаат пристап до објективни информации и оти власта ќе ја зголеми репресијата врз новинарите кои се спротивставуваат на државната пропаганда. Белоруската власт предводена од претседателот Александар Лукашенко почна пресметка со неистомислениците откако избија масовни антивладини протести ширум земјата по претседателските избори што се одржаа на 9 август 2020 година. Демонстрантите бараа поништување на изборните резултати, според кои Лукашенко доби над 80 проценти од гласовите.  Поради учество во демонстрациите упасени се над 34.000 луѓе, меѓу кои и новинари кои известуваа од протестите. Повеќе од 20 медиумски работници чекаат судење или издржуваат казна. ми/

Остани поврзан