• недела, 28 јули 2024

Во 14 часот митинг на здружението „Лесја Украинка“ на плоштадот „Македонија“

Во 14 часот митинг на здружението „Лесја Украинка“ на плоштадот „Македонија“

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во 14 часот ќе одржи митинг на плоштадот „Македонија“, а по повод годишнина од почетокот на руска сеопфатна инвазија врз Украина.

Учесниците на митингот, од плоштадот „Македонија“, ќе се упатат во Жена парк, каде ќе положат цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко. нд/бак/

Остани поврзан