• четврток, 19 декември 2024

Во Њу Хемпшир лажни телефонски повици за воздржување од гласање

Во Њу Хемпшир лажни телефонски повици за воздржување од гласање

Вашингтон, 22 јануари 2023 (МИА) – Во Њу Хемпшир населението денеска беше вознемирено од автоматски телефонски повици во кои избирачите беа повикани да се воздржат од гласање и во пораката се слушал глас кој го имитирал гласот на претседателот Џо Бајден.

Повиците се случуваат на ден пред првичните партиски избори во оваа сојузна држава за избор на претседателски кандидат.

- Важно е да почекате до ноемвриските избори … гласањето овој вторник само може да им помогне на републиканците во нивите напори повторно да го изберат Доналд Трамп, се говорело во гласовната порака.

Генералниот обвинител на Њу Хемпшир, Џон Формел, објави истрага за тоа што тој го нарече „очигледен обид да се поткопа претседателскиот прајмериз во Њу Хемпшир и да се потиснат гласовите на избирачите во Њу Хемпшир.

Некои демократски активисти сметаат дека станува збор за мешање во избирачкиот процес. Во пораката која оди како политичка реклама е посочуван личниот телефонски број на Кети Саливан, поранешен вршител на должност за избирачки права и раководител на Демократската партија во Њу Хемпшир.

Таа рече дека станува збор за мешање во избирачкиот процес и дека гласот на Бајден е имитиран од вештачка интелигенција „во обид да се воздржат од учество во претстојниот прајмериз“.

Изборниот штаб на Доналд Трамп изјави дека „нема апсолутно никаква врска“ со автоматските повици. кб/

Остани поврзан