Во Јужна Кореја првпат родени близнаци од расата џиновска панда
- Женките се родиле во петокот, а забавниот парк објави и видеоснимки на својот интернет-простор.

Сеул, 11 јули 2023 (МИА) - Во Јужна Кореја првпат се родија близнаци од расата џиновска панда, соопшти денеска Зоолошка градина „Еверленд“ што се наоѓа близу главниот град Сеул.
Женките се родиле во петокот, а забавниот парк објави и видеоснимки на својот интернет-простор. Новородените единки тежат 180 грама и 140 грама - втората, родена речиси два часа подоцна. си/рп/
Фото: Фејсбук