• четврток, 26 декември 2024

Во Јужна Африка запленети 400 фалсификувани вакцини против Ковид-19

Во Јужна Африка запленети 400 фалсификувани вакцини против Ковид-19
Лион, 4 март 2021 (МИА) - Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици лажни вакцини против Ковид-19, по глобалното предупредување од Интерпол дека вакцините станаа примарна мета на криминалните организации. Во магацин во Гермистон, во близина на Јоханесбург пронајдени се 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата упаси тројца државјани на Кина и еден на Зимбабве. Претходно, кинеската полиција идентификува криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упадна во погонот за пакување и уапси 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажни вакцини. Во истрагата учествуваше одделение на Интерпол за недозволени производи и глобално здравје. ми/

Остани поврзан