• среда, 27 ноември 2024

Во Јапонија повлечени новите серии на вакцината на Модерна поради нечистотија

Во Јапонија повлечени новите серии на вакцината на Модерна поради нечистотија
Токио, 29 август 2021 (МИА) - Локалните власти на Окинава денеска ја повлекоа од употреба вакцината против КЈовид-19 на американската компанија Модерна откако открија нечистотија во затворените ампули на вакцината. Властите во Токио вчера најавија отворање на истрага за смртта на двајца мажи кои примиле вакцина од Модерна од серијата што неодамна е повлечена од употреба поради нечистотија во затворените шишенца. Во Јапонија на 26 август повлечени се 1,63 милиони дози вакцина на Модерна по информациите за присуство на нечистотија во три серии од дистрибуираните вакцини. Во Јапонија 44 проценти од населението е вакцинирано против Ковид-19, но и покрај тоа во земјата се шири делта сојот. Од почетокот на пандемијата во Јапонија регистрирани се 15.800 смртни случаи. ми/

Остани поврзан