Во „Ѓорче Петров“ Кавадарци почнаа спортски активности за лица со потешкотии во развојот
- Спортски активности за лица до потешкотии но развојот, започнаа да се реализираат во спортската сала на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Од училиштето нагласуваат дека инклузивноста не е само вредност, туку и акција, дека спортот како начин на инклузија е важен инструмент за создавање еднакви можности за сите.
Кавадарци, 28 декември 2024 (МИА) - Спортски активности за лица до потешкотии но развојот, започнаа да се реализираат во спортската сала на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Од училиштето нагласуваат дека инклузивноста не е само вредност, туку и акција, дека спортот како начин на инклузија е важен инструмент за создавање еднакви можности за сите.
- Иницијатативата за реализирање на активности од ваков тип ја поттикна професорот по спорт и спортски активности Дарко Цеков, заедно со дефектолозите Антонија Делева Рамова и Зоран Велков, професорот Ефремчо Николов и координаторот на НВО Центарот Орданче Бошковски. Оваа иницијатива беше поддржана и од директорката на училиштето Ратка Росомански, соопштуваат од училиштето.
Оттаму додаваат дека активностите ќе се реалилизираат во соработка со Здружението за слепи лица, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ и
Здружението за спорт и рекреација на инвалиди - ССРИ, Кавадарци.
Тренинзите ќе се оджуваат два пати седмично. Сите заинтересирани можат да се приклучат кон иницијативата.
- Спортот не е привилегија на одредена група луѓе, туку право на секое човечко суштество. Придобивките од спортот за лицата со потешкотии во развојот се многу значајни и корисни. Тој не претставува само форма на рекреација, туку и можност за подобрување на нивното физичко/телесно и ментално здравје, подобрување на социјалните вештини, односно придонесува за подобра социјална инклузија на овие лица, подвлекуваат од училиштето. свд/ар/
Фото:Училиште „Ѓорче Петров“