Во Штип ќе се прска против комарци
- Општина Штип на 15 јули вторник, во раните утрински часови, ќе спроведе трета адултицидна (тереистичка) дезинсекција и четврта ларвицидна дезинсекција на територијата на општината со цел уништување на комарците. Во соопштението од Општина Штип се наведува дека адултицидна дезинсекција (тереистичка) ќе се реализира од 1.00 до 4.00 часот, а ларвицидна дезинсекција: од 5.00 до 7.00 часот.

Штип, 11 јули 2025 (МИА) - Општина Штип на 15 јули вторник, во раните утрински часови, ќе спроведе трета адултицидна (тереистичка) дезинсекција и четврта ларвицидна дезинсекција на територијата на општината со цел уништување на комарците. Во соопштението од Општина Штип се наведува дека адултицидна дезинсекција (тереистичка) ќе се реализира од 1.00 до 4.00 часот, а ларвицидна дезинсекција: од 5.00 до 7.00 часот.
-Дезинсекцијата ќе ги опфати следните подрачја: зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем, урбаните населби и локалитети на територијата на општината, се вели во соопштението од Општина Штип.
Во случај на неповолни временски услови (дожд, ветар и слично), дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден. Се известуваат и пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. вдј/aa/
Фото: МИА