• среда, 27 ноември 2024

Во Штип работилница за „Општинско-корисна работа“

Во Штип работилница за „Општинско-корисна работа“

Штип, 3 април 2024 (МИА) - Во рамките на Програмата Општинско – корисна работа 2024, како дел од Оперативниот план на активни мерки и програми за вработување, од денеска почнаа серија работилници „Од замисла до услуга“.  Во Штип се одржа првата работилници на која присуствуваа претставници на институции и на невладени организации од источниот, југо-источниот и вардарскиот регион. Наумче Ташовски координатор на Програмата „Општинско - корисна работа “ вели главна цел на настаните е поттикнување на различните чинители да размислуваат за креирање на иновативни социјални услуги на локално ниво, со фокус на поединецот.

- Општинско - корисна работа веќе 12 години се имплементира, уште од 2012 година, која крие богата историја и  пред се се креираат или унапредуаат социјални услуги на локално ниво. Ние ја доживуваме како база и ресурс за развивање на услугите, меѓутоа во исто време даватели на улугите се лица невработени кои преку вклучувањето на Програмата  понатаму доаѓаат до зголемена вработливост на пазарот. Програмата е во соработка со нашите партнери и агенцијата за вработување и министерство за труд и социјална политика. Низ изминатите 12 години, околу 80 илјади крајни корисници имаат добиено услуги, изјави Ташовски.

Миран Митревски од Општина Македонска Каменица истакна дека  веќе 11 години  се корисници на Прогрмата, а најголем интерес имаат за грижа на стари лица.

-Прво користиме грижа и нега за стари и иизнемоштени лица, грижа за лица со попреченост, лични и образовни асистенти во средното училиште и основното образование и ангажирање на лица со попреченост со активности кои ги спроведуваат, како во општината, така и во иинституциите во Македонска Каменица, изјави Митревски.

Психологот, Камелија Илиева, психолог во НВО „Стартер плус“ - Виница вели  новите времиња наметнуваат и потреба од психо- социјална помош и за лица, кои се соочуваат со разни видови на зависност, најповеќе од игрите на среќа.

- Со излегување на терен од досегашното искуство, мапиравме голема потреба и кај други ранливи категории, кај кои допва ќе има потреба за помош. Со помош нса овие работилници ќе научиме нови знаења и ќе размениме искуства со кои ќе изнајдеме решение за помош на ваквите лица, вели Илиева.

Програмата која ја реализираат УНДП, Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика веќе 12 години се реализира, а досега дала социјални услуги на локално ниво на над 80 илјади корисници во 60 општини, каде биле вклучени околу 5.000 даватели на услуги. вдј/дма/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан