• недела, 15 декември 2024

Во Штип промовирана бесплатната правна помош за граѓаните

Во Штип промовирана бесплатната правна помош за граѓаните

Штип, 6 декември 2024 (МИА) - Околу 5.000 граѓани во земјава за една година побарале бесплатна правна помош до граѓанските организации и правните клиники, вели Андријана Марковска национален консултнат на Советот на Европа. Таа посочува дека денеска во Штип на граѓаните им беше презентирано каде можат да се обратат за бесплатна помош, а воедно им беа поделени флаери и промотивен материјал. Таа посочи дека свеста кај граѓаните е зголемена во поглед на претходните години.

-Но, сепак се уште свеста е ниска и граѓаните не се запознаени за постоењето на бесплатната правна помош, па токму се и овие настани за да се запознаат граѓаните и да можат да го остварат правото на бесплатна правна помош, вели Марковска.

Таа истакна дека граѓаните бараат помош од сите сфери, а во Штип бесплатна правна помош можат да добијат во Здружението „ЕХО“, потоа во правната клиника на Универзитетот „Гоце Делчев“ и во канцеларија на четвртиот кат во зградата на Општина Штип. Настанот е дел од проектот кој е финансиски поддржан од ЕУ и Советот на Европа. вдј/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан