• вторник, 31 март 2026

Во Штип почна новиот режим за наплата на паркинг

Во Штип почна новиот режим за наплата на паркинг

Штип, 30 март 2026 (МИА) - Нов режим за наплата на паркинг од денеска има во Штип, поради летното сметање на времето, информираат од ЈП „Стипион“-Штип. Во соопштението се наведува дека наплатата од понеделник до петок ќе се врши во периодот од 7 до 21 часот. 

-Поради започнување на летното сметање на времето, ве информираме дека од 30.03.2026 (понеделник) ќе има промена во времето за наплата на паркинг во Општина Штип. Од понеделник до петок, наплатата ќе се врши во периодот: 7:00 – 21:00 часот, а во сабота - наплатата останува непроменета: 7:00 – 15:00 часот“, се вели во соопштението  од ЈП „Стипион“.

Во него се апелира граѓаните да го почитуваат новиот распоред и навремено да ја регулираат наплатата за паркирање на обележаните паркинг места низ централното градско подрачје. вдј/вј/

Фото: МИА  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан