• петок, 05 декември 2025

Во Штип околу 400 лица се вакцинирале против сезонски грип

Во Штип околу 400 лица се вакцинирале против сезонски грип

Штип, 21 октомври 2025 (МИА) - Популацијата над 65 години, кои се во ризичната група на граѓани имаат голем интерес за вакцинација против сезонски грип и до сега на пунктот во штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип вакцината ја примиле околу 400 граѓани.

Јасмина Саздовска од Центарот за јавно здравје-Штип вели дека најмногу се вакцинираат лица над 65 години, кои  не сакаат да ризикуваат со компликации од сезонскиот грип. Таа вели дека вакцините се безбедни и ги повикуваат граѓаните, oсобено ризичните категории, да не чекаат последен момент.

 Саздовска додава дека пријавувањето ќе трае во текот на целото зимо, а сите граѓани ќе можат да се вакцинираат. вдј/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан