• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип „Денови на модата“ почнуваат од понеделник

Во Штип „Денови на модата“ почнуваат од понеделник

Штип, 27 септември 2024 (МИА) - Со модна ревија во понеделник, во 19 часот во една од халите на поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“ на 30 септември започнуваат Деновите на модата во Штип, најави на денешната прес-конференција Секретар на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Таа посочи дека на настанот ќе се престават компании, а присутните ќе имаат можност да проследат ревии од студенти под менторство на нивните професорки и ќе има и шоу. Настанот е целосно финансиран од страна на Општина Штип, а со цел развој на локалната економија.

-Овој настан е финансиран од страна на Општина Штип, а целта е да се мотивоираат младите луѓе и помалите компании да создаваат свои брендови, со цел поголем развој на локалната економија. На настанот ќе имаме можност да погледнеме пет компании, ревии на студенти под менторство на професорки од Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) и отворањето на Денови на модата ќе се случи во соработка со „Гласен Текстилец“. И на отворањето ќе има ревија и шоу, вели Шорова-Ангелова.

Таа додаде дека се она што нема да се види како ревија ќе биде проследено преку инсталации, кои ќе бидат поставен на влезот во објектот каде ќе се реалзира настанот. Свои инсталации ќе имаат и средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“, како и студентите од Теничко -технолошкиот факултет.

-Освен модните ревии сите гости при влегувањето ќе имаат можност да погледнат неколку инсталации. Една од нив е од студентите од Технолошко – техничкиот факултет, поточно се она што нема да го видиме на модна ревија ќе го видиме во вид на инсталација на влезот на објектот. Инсталации ќе има и од средношколците од СОУ „Димитар Мирасчиев“ и ќе погледнеме една доста интересна инсталација на една млада дизајнерка која ќе има можност пред сите присутни да ги покаже нејзините креации, изјави Шорова – Ангелова. Настанот е од отворен карактер. Во рамките на трите дена на 30 септември, 1 и 2 октомври ревиите започнуваат од 19 часот и ќе траат по половина час. Во оваа прилика Општина Штип упати покана до граѓаните да присустуваат со цел да уживаат во она што е организирано. вдј/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан