• петок, 05 декември 2025

Во Штип градежни активности во неколку населби

Во Штип градежни активности во неколку населби

Штип, 15 мај 2025 (МИА) – На неколку локации и населби во Штип се реконструираат улици, тротоари и партерно се уредуваат влезовите пред станбените згради. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека градежени активности денеска има на булевар „ЈНА“, а во наредниот период ќе се работи и на улицата „Боро Арсов“.

-Партерно ќе се уредуваат тротарите влезовите на неколку станбени згради. Населбата Осми Ноември веќе трета година се уредува етапно и веќе финализираат активностите. Освен на булеварот „ЈНА“ и уредување на овие влезови, ќе биде уредена и улицата „Боро Арсов“, влезовите, тротоарите паринг местата во оваа населба, рече Јорданов.

Тој додаде дека денеска завршува и реконструкцијата на  улицата која води до државниот Архив, а на која претходно се работеше на подземната инфраструктура. Дополнително во наредниот период ќе се работи и на уредување на пешачката и велосипедска патека покрај река Брегалница.

-Денес освен оваа активност ќе се работи на улицата „Сане Горгиев“, улица која води до Државниот Архив, ќе се асфалтира оваа улица на која претходно се работеше на промена на подземната инфраструктура. Активностите кои се преземаат од Локалната самоуправа продолжуваат со засилена динамика, изјави Јорданов. вдј/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан