• понеделник, 17 март 2025

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани

Штип, 17 март 2025 (МИА) – Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова.

-По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка Тереза‘‘ - Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно, вели Арсова во писменото соопштение.

Посочува дека во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти, една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете. вдј/сст/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан