• сабота, 23 ноември 2024

Во Шпанија 22 случаи на акутен хепатитис

Во Шпанија 22 случаи на акутен хепатитис
Мадрид, 13 мај 2022 (МИА) - Во Шпанија се потврдени 22 случаи на акутен хепатитис од непознато потекло. Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, на континентот има најмалку 102, а во Велика Британија 163 случаи. Во Шведска има девет, Португалија осум, Холандија шест, Белгија три, Австрија и Франција по два, Германија и Полска по еден. Во Италија има 35 евидентирани случаи. Единаесет деца под 16 години во Велика Британија имаат потреба од трансплантација на црн дроб, додека во Шпанија сè уште нема такви компликации. Според педијатри, најверојатно причината за хепатитисот е Аденовирус 41 кој е пронајден кај пациентите и досега никогаш не бил поврзуван со хепатитис поради што не може да станува збор за случајност. Тие повикаа на смиреност, со цел здравствените власти да можат да си ја вршат својата работа. бд/јт/

Остани поврзан