Во Шпанија по три месеци пристигнаа првите туристи
- Во Шпанија денеска по три месеци првпат пристигнаа туристи, откако Владата дозволи доаѓање на странци на Балеарските Острови во рамките на пробната програма
Мадрид, 15 јуни 2020 (МИА) - Во Шпанија денеска по три месеци првпат пристигнаа туристи, откако Владата дозволи доаѓање на странци на Балеарските Острови во рамките на пробната програма.
Шпанија поради пандемијата со Ковид-19 ги затвори границите за туристите на 14 март, а ќе ги отвори за земјите-членки на шенген зоната на 21 јуни. Додека границата со Португалија ќе биде отворена на 1 јули.
Балеарските Острови - Мајорка, Ибица, Менорка, Форментра и Кабрера, се во Средоземно Море и се традиционално летувалиште на Германците. На аеродромот на Палма де Малорка денеска слета првиот авион од Дизелдорф со 180 патници. ми/