• среда, 27 ноември 2024

Во швајцарскиот пограничен град Лозана избувнаа нереди, приведени седум лица

Во швајцарскиот пограничен град Лозана избувнаа нереди, приведени седум лица

Лозана, 2 јули 2023 (МИА) - Полицијата во швајцарскиот пограничен град Лозана приведе седум лица откако млади луѓе предизвикаа нереди и кршеа излози по примерот на немирите во Франција, јави денеска Швајцарската телеграфска агенција (СДА), цитирана од ДПА.

Полицијата соопшти дека доцна синоќа повеќе од 100 млади се собрале во градот на Женевското Езеро. Тие протестираа за поддршка на насилните демонстрации во Франција по смртта на 17-годишно момче во вторникот за време на полициска контрола покрај патот.

Меѓу приведените од швајцарската полиција има шест малолетници на возраст од 15 до 17 години, како и еден 24-годишник. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан